Американскиот претседател Џо Бајден го именуваше Сем Бринтон на висока позиција во Министерството за енергетика, со што тој стана првиот службеник на американската влада кој се изјаснува како родово неутрална личност. Позицијата што ќе ја врши се фокусира на чувањето гориво и отпад во канцеларијата за нуклеарна енергија.

Бринтон не е посветен само на нуклеарниот отпад, тој е и ЛГБТ активист и дрег-изведувач кој обожава долги фустани и високи потпетици. Јаките кармини во комбинација со мустаќите се еден од неговите заштитни знаци, па не поминува незабележан на ниту еден настан.

Да, знам дека нема да биде лесно. Да, разбирам дека ова е голем предизвик. Да, можам да го прифатам, вели Бринтон за својата нова работа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sam Brinton (@radioactivenerd1)

На страна неговата „гласна“ појава и тестирање на границите на толеранцијата, Бринтон има две дипломи од Институтот за технологија во Масачусетс (МИТ).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.