Украински војници ги креваат во воздух руските тенкови користејќи автомобили бомби на далечински управувач, пишува „Дејли мејл“.

Според видеото објавено на социјалните мрежи, а кое е дел од документарниот филм за Третата одделна ударна бригада на вооружените сили на Украина (ОСУ), копнените беспилотни возила (УГВ) на украинските сили прво се минираат, а потоа се одвезуваат кон руски цели каде што детонираат.

На видеото се гледа дека Украинците го контролираат УГВ со помош на мобилен телефон и како го активирале во непосредна близина на возило кое наликува на руски тенк.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.