Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги критикуваше палестинските власти за, како што наведе, обвинувањата дека Израел ги „масакрирал сопствените цивили на 7 октомври“, оценувајќи ги таквите тврдења како неприфатливи.
Нетанјаху, во видео изјава објавена на хебрејски и англиски јазик, наведува дека палестинските власти во Рамала вчера изнеле, како што рече, крајно бесмислено тврдење, обвинувајќи го Израел дека извршил масакр врз своите цивили на југот на земјата, на 7 октомври, и негирајќи дека тоа го изврши Хамас
Ова е целосно искривување на вистината, рече Нетанјаху, истакнувајќи дека палестинскиот претседател Махмуд Абас, кој претходно го негираше постоењето на холокаустот, сега негира дека Хамас го извршил масакрот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.