Светската популација надмина осум милијарди луѓе. Ова бебе родено во Манила стана осуммилијардитиот жител на Земјата.
Како што пренесуваат локалните медиуми, Винис Мабансаг, која е родена во „Др.Хозе Фабела Меморијална болница “ во Тондо и е избрана за осуммилијардитиот жител во светот.
-Штотуку бевме сведоци на осуммилијардитото бебе во светот на Филипините. Нејзиното раѓање го чекавме околу два часа, бебето се роди во 1:29 часот, породувањето беше природно“, изјави д-р Ромео Битуин, главниот лекар на болницата.
Инаку, Индија е побројна за околу 180 милиони луѓе и следната година би требало да ја надмине Кина како најнаселена земја во светот.
Од друга страна, наталитетот постојано се намалува во САД, Европа и Јапонија, но и во Кина, која се бори со последиците од својата програма „Политика на едно дете“, а минатата година ги повика семејствата да имаат второ, па дури и трето дете.
Без разлика дали станува збор за храна, вода или енергија, од сè ќе има помалку на располагање, бидејќи светската популација ќе се зголеми за уште 2,4 милијарди луѓе до 2080 година, според проекциите на ОН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.