Шефот на францускиот комитет за проценка на здравствените ризици, Брижит Отрин, изјави денеска дека нема потреба Франција да воведува гранични контроли поради зголемувањето на случаите на инфекција со вирусот „Ковид-19“ во Кина.
Од научна гледна точка, нема причина повторно да се вратат граничните контроли, но тоа може да се промени секој ден, рече Отрен.
Коментирајќи ја епидемиолошката состојба во Кина, Отрен посочи дека нема индиции за постоење на нови варијанти на вирусот во таа земја и дека нема причина за загриженост.
– Варијантите што циркулираат во Кина се сите варијанти на сојот омикрон, кои веќе поминаа низ Франција и ние развивме имунитет кон него, рече Отрен.
Здравствените претставници од 27 европски земји ќе разговараат за тоа како Европа ќе се подготви за зголемување на бројот на случаи заразени со вирусот Ковид-19 во Кина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.