Украинската безбедносна служба СБУ, заробила руски шпион, кој им се придружил на вооружените сили на Украина за да открива позиции на украинските борбени авиони.

Според истрагата, човекот родум од Крим, кој го поддржал референдумот во 2014 година и добил руски пасош, пред почетокот на војната дошол во областа Николаев, каде што живееле неговите роднини.

Таму, по наредба на руските специјални служби, тој се мобилизирал во вооружените сили на Украина во 2022 година. Наоѓајќи се во една од воените единици, тој го следел движењето на борбените авиони и позициите на силите за воздушна одбрана. Тој, исто така, дознал информации за магацини за муниција и гориво, соопштија од СБУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.