Музичката стрим-платформа „Спотифај“ соопшти дека за слушателите на интернет-емисијата на Џо Роган кои разговараат за Ковид-19, ќе воведе насочување до точни информации за пандемијата. Ова следи по укажувањата на група музичари, предводени од Нил Јанг, кој и ја отстрани својата музика од платформата во знак на протест, што доведе до тоа „Спотифај“ да загуби околу 2,1 милијарди долари во период од три дена оваа недела.
Работиме на додавање предупредувања на секоја емисија што вклучува дискусија за Ковид-19. Овие предупредувања ќе ги насочуваат слушателите кон нашиот информативен центар за Ковид-19… Нови напори за борба против дезинформациите ќе бидат почнати следните неколку дена, изјави извршниот директор на „Спотифај“, Даниел Ек.
Принцот Хари и Меган Маркл исто така изразија загриженост за дезинформациите на платформата.
Роган (54) ги охрабрува младите да не се вакцинираат и ја поттикнува употребата на лекот против паразити – „Ивермектин“, што не е официјално одобрен за употреба против коронавирусот. Водителот има повеќегодишен договор со платформата вреден 100 милиони долари.
Последниве години, гигантите во интернет-просторот, како Фејсбук и Јутјуб, беа на удар на критичарите затоа што им дозволуваат на тн. „теоретичари на заговор“ да ги шират своите ставови, кои честопати содржат и непроверени и неточни податоци
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.