Откако Русија на почетокот на октомври, во рамки на програмата „Отворено небо“ го отвори аеродромот во Калининград за странски авиопревозници, сè повеќе луѓе од Блискиот исток одат во ЕУ преку оваа руска ексклава, пишува „Дојче веле“.

Германското Министерство за надворешни работи укажува: „Веќе неколку месеци германската влада и партнерите од ЕУ го регистрираат порастот на илегалните миграциски движења на рутата преку Русија (…). Летонија, Литванија и Полска пријавуваат случаи на лица кои во нивните земји влегле илегално од Белорусија, со руски визи во своите пасоши.“

Според истражувањето на германската радио телевизија СВР, руска виза потребна за бегство преку Калининград на северот на Ирак чини околу 2.500 долари и очигледно лесно се добива. „Ако документите ви се таму, за да стасате од Москва до Германија ќе ви требаат десет дена“, вели еден шверцер. Сепак, рутата преку Калининград е нешто поскапа од летот преку Белорусија, кој чини вкупно 14.500 долари. Причината за тоа е што на руските власти треба да им се плати повеќе мито отколку на белоруските, тврди овој шверцер. Руското Министерство за надворешни работи не одговори на прашањата на СВР во врска со оваа тема.

Целиот текст овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.