Вкупно осум лица загинаа во одвоени несреќи на романски борбен авион МИГ 21 и воен хеликоптер, соопшти романското Министерство за одбрана.
Пилотот на романскиот воен MiG 21 LanceR и седумчлен хеликоптерски екипаж испратен да го најде, загинаа кога нивните летала се урнаа во одделни инциденти доцна во средата навечер.
Elicopterul care a plecat miercuri în căutarea unui MiG 21 al Forțelor Aeriene Române care a dispărut de pe radar s-a prăbușit și el.
Epava elicopterului a fost găsită, cei cinci militari care se aflau la bordul său și-au pierdut viața.
ℹ️ Detalii 👉 https://t.co/kcKl3z8MX9 pic.twitter.com/SvFYJJqDDY
— BoardingPass (@BoardingPassRO) March 2, 2022
МИГ беше во воздушна патрола кога исчезна од радарите во источна Романија, меѓу селата Когеалац и Гура Доброгеи.
Пилотот на хеликоптерот IAR 330-Puma, кој беше испратен да го пронајде авионот, пријавил неповолно време и бил повикан назад во базата пред и тој да се урне, соопшти Министерството за одбрана.
Романија, членка на Европската унија и НАТО, планира постепено да ги исфрли руските авиони МиГ и целосно да се префрли на американскиот Ф-16.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.