Шефот на Пентагон, Лојд Остин, денеска изјави дека САД ќе испратат на Украина уште четири артилериски ракетни системи ХИМАРС.
– Продолжуваме да бараме нови начини да им се пружи долгорочна поддршка за храбрите мажи и жени на украинските вооружени сили, и ќе ја адаптираме нашата помош така што Украина би имала технологии, боева муниција и огромна огнена моќ за сомоодбрана, изјави Остин на почетокот на виртуелна средба со сојузниците посветена на Украина.
Системите ХИМАРС имаат голем радиус на дејствување и повисока прецизност, отколку артилеријата од советско време со што располага Украина. Земјата неделава изјави дека со вакви ракетни фрлачи досега нанела 30 удари по руски позиции за материјално-техничка снабдување и муниција.
Според Остин, новиот пакет помош вклучува и муниција и други артилериски боеви резерви.Вклучително овие четири, САД досега на Украина и доставија 16 системи ХИМАРС.
Од почетокот на војната, САД имаат пружано помош за одбрана на Украина во висина од осум милијарди долари, вклучително и 2.2 милијарди во изминатиот месец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.