Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, на почетокот на состанокот контакт група за Украина, изјави дека САД нема да ја изневерат земјата.

САД нема да дозволат Украина да претрпи неуспех. Оваа коалиција нема да дозволи Украина да претрпи неуспех и слободниот свет нема да дозволи Украина да претрпи неуспех“, изјави Остин.

Состанокот на контакт групата, сојузници на Украина одговорни за координација на воената поддршка на земјата, се одржува во американската воздухопловна база Рамштајн во Германија.

Остин вети дека САД ќе продолжат да ги поддржуваат воените напори на Украина против Русија, иако американскиот Конгрес е во застој околу финансирањето за испраќање дополнително вооружување на фронтот.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус, кој исто така учествува на состанокот, предупреди да не се изгубат од вид суштинските одбранбени потреби на Украина.

Доволно артилериска муниција, ракетна артилерија со поголем дострел и противвоздушна одбрана се вистински егзистенцијални прашања, рече Писториус.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.