Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба за украинските медиуми вели дека оштетена е единствената линија за напојување на нуклеарната централа Чернобил и сите нејзини нуклеарни постројки контролирани од руската армија.
Чернобил е без енергија. Ја повикувам целата меѓународна заедница веднаш да побара од Русија да го прекине огнот и да им дозволи на екипите за поправка што е можно поскоро да го обноват снабдувањето со електрична енергија – вели тој.
Тој додава дека резервните дизел генератори ќе ја напојуваат нуклеарната централа Чернобил и нејзините капацитети во текот на 48 часа. Потоа ќе се исклучи системот за ладење на складиштето на искористеното нуклеарно гориво, што ќе се закани со истекување на радијација.
-Варварската војна на Русија ѝ се заканува на цела Европа. Путин мора веднаш да ја прекине, вели Дмитро Кулеба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.