Унгарија нема да дозволи никакви собири за поддршка на терористичките организации, изјави утрово унгарскиот премиер Виктор Орбан на јавното радио, додавајќи дека сите унгарски граѓани треба да се чувствуваат безбедно, без разлика на нивната вера или потекло.
Шокантно е тоа што симпатизери на терористите одржуваат протести низ цела Европа, рече Орбан.
Имаше обиди дури и во Унгарија. Но, нема да дозволиме собири на сочувство кои поддржуваат терористички организации бидејќи тоа би значело терористичка закана за унгарските граѓани, додаде тој, алудирајќи на пропалестинските пртести што се одржуваат во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.