Унгарскиот премиер Виктор Орбан дека безбедносната состојба во регионот дополнително се влошила, по најавите дека завојуваните страни во Украина ќе почнат да користат оружје со осиромашен ураниум.

– Алармантно е што две нуклеарни сили се подготвуваат да користат ураниумско оружје неколку стотици километри од границата на Унгарија. Организациите и раководителите на безбедносните службу на Унгарија се во состојба на постојана тревога. Воената криза е посериозна од било кога, и цела Европа е во состојба на воена психоза, изјави унгарскиот премиер во неделното интервју за радио „Кошут“.

Орбан ја постави како отворено прашање темата дали НАТО има правилна стратегија во Украина – да ја порази Русија на бојното поле користејќи ги Украинците како војници снабдени со оружје од НАТО. Според Орбан, се работи за фаличен воен концепт.

Во интервјуто, Орбан потсети дека секогаш кога има војна, „тука се шпекулантите како што е Џорџ Сорос“. Освен во воената криза и во економската криза, Орбан го обвини Сорос дека шпекулира и со прашањето на мигрантите во Европа, каде Унгарија и Полска се под силен притисок да почнат да примаат илегални мигранти од другите земји членки на ЕУ, или пак да платат казна за секој мигрант што би требало да го примат.

– Може да се каже дека Империјата на Сорос го возвраќа ударот и се обидува да го присили мнозинството Европјани на оваа одлука. Унгарија нема намера да ги применува мигрантските квоти. Мораме да бидеме подготвени дека семејството Сорос ќе почне повторно да поттикнува мигранти и ќе го засили притисокот врз јужната граница на Унгарија, изјави Орбан, додавајќи дека е интересно тоа што притисоците врз европските земји да примат мигранти почнале по одлуката на Џорџ Сорос да го предаде раководењето со својата бизнис и политичка империја на синот Александар Сорос.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.