Унгарскиот премиер Виктор Орбан гласаше на парламентарните избори што денеска се одржуваат во оваа земја.

Тој на избирачкото место во Будимпешта се појави во друштво на сопругата Анико Леваи.

На лице место беа бројни новинари кои го забележаа доаѓањето на Орбан и моментот кога тој со гласачко ливче отиде на штандот за да ја изврши својата граѓанска должност.

Се уште актуелниот унгарски премиер го очекува четвртиот последователен мандат во оваа изборна трка. Коалицијата на опозициските партии овие избори во Унгарија ги гледа како референдум за иднината на Унгарија на Запад.

Војната и мирот се загрозени на овие избори. Војната е во нашето соседство, меѓу две големи земји и ние мора да останеме надвор од конфликтот, нагласи Орбан пред новинарите откако гласаше на парламентарните избори.

Тој додаде дека е убеден оти нивните противници „не ја чувствуваат тежината или сериозноста“ на ситуацијата и дека можат „да преземат чекори кои би можеле да ја вклучат Унгарија во конфликтот“.

Тоа би било трагично за Унгарија, рече Орбан, додавајќи дека партијата Фидес има за цел да го спречи тоа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.