Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека војната во Украина е „загрижувачка и опасна“ и дека не е претерување да се каже дека постои реална опасност од светска војна.

Орбан додаде дека „се повеќе се носат одлуки за употреба на понови и посилни оружја“, и дека „Западот испраќа сè помодерна опрема во Украина“.

Додека, од една страна, можеби звучи како претерување кога некои европски и американски лидери велат дека ако се продолжи вака, може да има трета светска војна, тоа е навистина реална опасност – посочи Орбан.

Унгарскиот премиер додаде дека војната станува се покрвава и брутална, но дека бројот на европските земји и лидери кои го поддржуваат мирот не е зголемен.

Во исто време, луѓето во Европа почнаа повеќе да зборуваат за прекин на огнот, мировни преговори, но бројот на жртвите се зголемува – додаде тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.