Унгарскиот премиер Виктор Орбан, бранејќи ја својата одлука да се откаже од ветото за помошта за Украина, тврди дека добил гаранции дека средствата од европскиот буџет наменети за Унгарија, кои се замрзнати, нема да завршат во Украина.
Орбан на социјалната мрежа Х објави дека на претходниот самит на ЕУ во декември минатата година бил против пакетот помош за Украина од две причини.
Едната е дека се плашевме дека европските фондови кои ни припаѓаат, а кои Европската комисија досега не ни ги даваше, порано или подоцна ќе завршат во Украина. Втората причина е што се плашевме дека средствата ќе и бидат достапни на Украина предолго и без контрола. Ова е гаранција дека унгарските пари не можат да одат во Украина, рече тој.
Орбан вели дека успеал да преговара за надзорен механизам и гарантира дека парите во Украина ќе се трошат разумно и „гаранција дека унгарските пари не можат да одат во Украина“.
Mission accomplished. Hungary’s funds will not end up in Ukraine and we have a control mechanism at the end of the first and the second year. Our position on the war in Ukraine remains unchanged: we need a ceasefire and peace talks. pic.twitter.com/vui5NxPzGw
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) February 1, 2024
Лидерите на сите 27 земји-членки постигнаа договор за ревизија на повеќегодишниот буџет, кој вклучува помош за Украина, на што Орбан досега се противеше. На вонреден самит во Брисел договорија пакет помош за Украина во износ од 50 милијарди евра.
Вонредниот самит беше свикан само за да се добие согласност од Унгарија. Според договорениот текст на заклучоците, Орбан не добил ништо за возврат на неговата согласност.
Во текстот се вели дека „врз основа на годишниот извештај на Комисијата, Европскиот совет (шефовите на држави или влади на ЕУ) секоја година ќе одржува дискусија за спроведувањето на Инструментот за Украина со цел да обезбеди насоки“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.