Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека денешната одлука на Европскиот суд на правдата да ја казни Унгарија во износ од 200 милиони евра и дополнителни милиони евра дневно поради миграциската политика е безобразна и неприфатлива.
Орбан во објава на Платформа Х тврди дека Унгарија е казнета поради, како што наведе, бранењето на границите на ЕУ.
Се чини дека илегалните мигранти се поважни за бирократите во Брисел отколку европските граѓани, рече Орбан.
Унгарија ќе мора да плати казна од 200 милиони евра поради непримена на промените во политиката за третман на мигрантите и барателите на азил, објави денеска највисокиот суд на ЕУ, Европскиот суд на правдата. Судот наведе дека Унгарија, која претходно одби да ја спроведе судската одлука од 2020 година, исто така ќе мора да плаќа казна од еден милион евра дневно додека целосно не ги спроведе предвидените мерки, пренесе Ројтерс.
Судот на ЕУ укажува дека Унгарија не презела мерки за почитување на пресудата од 2020 година во однос на правата на барателите за меѓународна заштита да останат во Унгарија до конечната одлука по нивната жалба против одбивањето на нивната апликација, како и протерувањето на трето – државјани на земјата кои илегално престојуваат во таа земја. Унгарската влада претходно тврдеше дека пресудата од 2020 година е спорна затоа што веќе ги затворила таканаречените транзитни зони и ги заостри правилата кои забрануваат идни барања за азил.
Европската комисија (ЕК) поднесе втора жалба против Унгарија до Судот на ЕУ на почетокот на 2022 година, во која се наведува дека Унгарија не ги презела сите неопходни мерки за да се усогласи со пресудата од 2020 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.