Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека новиот договор на европските министри за внатрешни работи за реформа на миграциската политика е неприфатлив.
Брисел ја злоупотребува својата моќ. Тие сакаат со сила да ги ‘преселат’ мигрантите во Унгарија, рече Орбан, пренесе на Твитер портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач.
Ова, како што изјави Орбан, е неприфатливо.
Министрите за внатрешни работи на членките на Европската Унија постигнаа договор за промена на системот за азил, кој вклучува и споделување на одговорноста кога станува збор за мигрантите што влегуваат во Европа без дозвола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.