Најлесен начин да се прекине инфлацијата на војната е мирот. Унгарската влада е речиси единствената влада во Европа која не зборува за санкции и војна, туку за потребата од мир и дека треба да финансираме мир, а не војна.
Европската Унија треба да ја смени стратегијата затоа што ако продолжи вака ќе се уништиме со инфлација од војна. И на никој не му е интерес цела Европа да банкротира. Ако сакаат сега да воведат договор за гас, дури и по нафтата, ќе ја уништиме целата европска економија. Мислам дека треба поинаку да размислуваме за целиот руско-украински конфликт. Треба да финансираме мир, а не војна. Воените поттикнувачи мора да бидат репресирани!
Сега е сосема очигледно дека постојат деловни кругови кои имале интерес за војна. Џорџ Сорос ги симболизира: отворено зборува за фактот дека војната мора да се продолжи, растегне. Ова се поттикнувачи на војна кои сакаат да заработат пари во војна, а ние сме уништени во ова и цела Европа е уништена, напиша на Фејсбук, премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, откако инфлацијата во оваа земја достигна 10,7 отсто, што е прва двоцифрена инфлација во последните 20 години, и покрај серијата ценовни ограничувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.