Унгарскиот премиер наведува дека, иако на Украина и е потребна помош, европските лидери треба да ја преиспитаат својата стратегија бидејќи санкциите и нанесоа голема штета на европската економија, притоа не ја ослабнаа Русија ниту пак повеќемесечната војна не ја доближуваат до решение.

Европската унија си пукаше во гради со непромислени економски санкции против Русија поради нападот врз Украина, кои, доколку не се повлечат, ризикуваат да ја уништат европската економија – изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Притоа додаде дека иако на почетокот сметал дека ќе помине поблаго, сега веќе се гледа дека штетите ќе бидат големи.

Отпрвин мислев дека само си пукавме во стапалото, но сега е јасно дека европската економија си пукаше во градо и дека и недостига воздух – рече Орбан, долгогодишен критичар на санкциите, во интервју за унгарското државно радио, пренесува Танјуг.

Европската историја влезе во „ера на војна“ и луѓето ќе мора да се борат за работи кои досега ги земаа здраво за готово, дополни премиерот на Унгарија.

Никој не помисли на 24 февруари дека војната меѓу Украина и Русија нема да биде само конфликт, туку дека во европската историја ќе го означи крајот на старата ера и почетокот на новата ера на војна – додал Орбан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.