Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја обвини Европската комисија дека се обидува да ја собори неговата влада и да воспостави „марионетска влада“, споредувајќи го неговото противење со антисоветското востание од 1956 година.

Орбан, кој се соочува со најсериозната закана за неговото 14-годишно владеење откако опозициската партија со нов лидер забележа скок на најновите анкети, им се обрати на поддржувачите на годишнината од востанието против советската власт што беше задушено од Црвената армија.

Орбан истакнува дека неговата суверена политика поврзана со Украина и мигрантите е неприфатлива за Брисел.

„Знаеме дека сакаат да нѐ турнат во војна во Украина, сакаат да нѝ наметнат мигрантски квоти и да ги предадат нашите деца на родови активисти“, рече Орбан.

„Знаеме дека тие имаат и марионетска влада на ум, партија која сакаат да нѝ ја наметнат“, додава Орбан, алудирајќи на партијата Тиса на опозицискиот лидер Питер Маѓар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.