Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Унгарците ќе одлучат каква влада треба да има нивната земја, а не Брисел.

– Не можеме да дозволиме Брисел да ни кажува како треба да живееме и да ни ги испраќа своите платеници да делегираат. Помина времето кога тие се обидуваа да ни кажат како треба да живееме. Се ослободивме од тоа пред 30 години – рече Орбан, пренесе МТИ.

Според него, Брисел би сакал да делегира влада составена од унгарските социјалисти и Партијата за почит и слобода (Тиса), но тој нагласи дека Унгарците на крајот ќе одлучат како ќе изгледа нивната влада.

Тој рече дека Унгарија ќе се спротивстави на „планот на Брисел да делегира унгарска влада“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.