Организацијата на земјите извозници на нафта (ОПЕК) ѝ порача на Европската унија (ЕУ) дека санкциите кон Русија може да создадат скок на цените на горивата, затоа што сојузот не може да ги замени руските количини и не сака да го зголеми своето производство.
Во време додека Брисел планира нови санкции кон рускиот енергетски сектор, ЕУ имаше состанок со ОПЕК во Виена.
Генералниот секретар на ОПЕК, Мохамад Баркиндо кажа дека нестабилноста на пазарот може да има големи последици.
„Би можеле да се загубат седум милиони барели руска нафта и други енергенсиа дневно поради санкциите. Таа загуба не би можела никако да се замени“, вели тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.