Жителите на регионот Валенсија во југоисточниот дел на Шпанија, кој беше тешко погоден од драматичните поплави на почетокот на минатата недела, денеска итно беа повикани да влезат во своите домови поради опасност од дополнителни обилни врнежи.

Полицијата преку мегафони ги повика граѓаните да влезат во своите куќи, пренесува Фран прес.

Националната метеоролошка агенција објави нов црвен аларм за јужниот брег на Валенсија во периодот од 18 до 23 часот со можни врнежи од 90 литри на метар квадратен или девет сантиметри за еден час.

Повеќе од 200 луѓе загинаа во шпанскиот регион за време на поплавите во вторникот, а илјадници ги загубија своите домови и имоти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.