Во извештај на Обединетите Нации се наведува дека Cеверна Кореја продолжува да ги развива своите нуклеарни и балистички програми, вклучително и нејзиниот капацитет за производство на компоненти за нуклеарни механизми, со што ги прекршува резолуциите на Советот за безбедност на Обединети нации.
Во резимето на извештајот се посочува дека официјален Пјонгјанг минатиот месец забрзано работел на испитување и тестирање нови ракети со краток, а можеби и среден дострел, при што беа користени балистички технологии, технологии за таргетирање, како и цврсти и течни горива.
Според експертите, новите тестирани технологии вклучуваат хиперсонични боеви глави и ракета-носач. Во извештајот се наведува дека Cеверна Кореја продолжува да бара материјали, технологија и научни и технички знаења за овие програми во странство, вклучително и преку кибер алатки и заедничко истражување
Cеверна Кореја покажа зголемена способност за брзо распоредување, висока мобилност (вклучително и преку вода) и подобрено маневрирање на нејзините ракетни сили – се истакнува во извештајот.
Пред една година, експертската група наведе дека Cеверна Кореја го надградила своето нуклеарно оружје и балистички ракети, игнорирајќи ги санкциите на ОН, користејќи кибер напади како помош за финансирањето на нејзините програми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.