Доколку државите ги исполнат своите тековни обврски за справување со климатските промени, глобалните емисии штетни гасови до 2030 година ќе се зголемат за 10,6 насто во однос нивото од 2010 година, се посочува во извештај на ОН.

Меѓувладиниот панел за климатски промени на ОН во објавениот извештај наведува дека емисиите „стакленични“ гасови односно оние што предизвикуваат т.н. „ефект на стаклена градина“ до 2030 година треба да бидат намалени за 43 проценти, за глобалното затоплување да биде ограничено на 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските температури.

Пред почетокот на Климатскиот самит „COP27“ закажан за 6 ноември во Шарм Ел-Шеик, експертите ја нагласуваат итната потреба од посилен ангажман по однос проблемот.

На минатогодишната Конференција на ОН за климатски промени што се одржа во Глазгов, сите земји учеснички се согласија за зајакнување на плановите и мерките поврзани со климатските промени. Сепак, разочарувачки е фактот дека од тој состанок се поднесени само 24 нови или ажурирани климатски планови, вели Сајмон Стил, извршен секретар за климатски промени на ОН.

Тоа се однесува на Боливија, Вануату и Уганда, како и за државите што важат за поголеми емитери на штетни гасови во атмосферата како Индија и Индонезија.

Властите во Индонезија се свесни дека најголем дел од емисиите се предизвикани од уништувањето на шумите или тресетните површини, обврзувајќи се до 2030 година да ги намалат емисиите штетни гасови за најмалку 31,89 проценти.

Несоодветните ветувања го водат светот кон глобално затоплување од 2,5 степени Целзиусови до 2100 година.

Проценките за зголемување на емисиите за 10,6 проценти сепак претставува мал напредок, со оглед на тоа што според минатогодишната проценка на ОН беше предвидено емисиите штетни гасови до 2030 година да се зголемат за 13,7 проценти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.