Според податоците на Обединетите нации, повеќе од 3,8 милиони луѓе ја напуштиле Украина по почетокот на воената акција на руската армија на 24 февруари. Од ОН информираат дека, сепак, приливот на бегалци е забавен од 22 март.

Повеќе од десет милиони, повеќе од една четвртина од населението на Украина, мораа да ги напуштат своите домови – се вели во извештајот на ОН.

Светската организација го проценува бројот на внатрешно раселените лица на речиси 6,5 милиони.

Од 22 март, бројот на луѓе кои сакаат да избегаат од борбите и сè потешките услови за живот во Украина е под 100.000 дневно, а во последните денови под 50.000 – велат од ОН.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.