Посебен ритуал на „чистење“ се одржа денеска кај главниот олтар на базиликата Свети Петар, кој го користи и папата Франциско, откако беше осквернавен од човек кој таму се појави гол за да протестира против војната во Украина.

Молитвената миса ја водеше кардиналот Мауро Гамбети откако мажот, полски државјанин, се соблече и застана пред олтарот на базиликата во четвртокот, објави Ројтерс.

На неговиот грб пишуваше „спасете ги децата на Украина“.

Обезбедувањето на Ватикан го предаде на италијанската полиција, која го приведе и го депортира од Италија.

На молитвената миса пред олтарот што го користи папата Франциско, Гамбети рече дека човекот направил „грешен и несоодветен гест, кој е за жалење“ а со цел да го привлече вниманието на жртвите од војната.

Извор од Ватикан наведува дека во моментот на инцидентот мажот сам си нанел гребаници по телото.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.