Европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеји, изјави дека Западен Балкан е геостратешки приоритет за Европската Унија повеќе од кога било за време на украинската криза и порача дека е неопходно да се забрза процесот на проширување на овој регион и неговата европска перспектива да се претвори во реалност.

Во видеопорака на конференцијата на граѓанското општество на Западен Балкан, што се одржа во Прага, на тема „Младинската политика на Западен Балкан – суштински елемент за иднината на регионот и Европа“, Вархеји рече дека „ние живееме во прилично турбулентни времиња“ и укажа на предизвиците со кои се соочува ЕУ.

„Покрај социо-економските предизвици предизвикани од кризата поради Ковид-19, со кои сè уште се обидуваме да се справиме, руската војна во Украина постепено го зголемува нивото на уништување, а бројот на загинати во Украина расте експоненцијално. Оваа агресија мора да заврши“, рече Вархеји, а беше објавено на официјалната веб-страница на ЕУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.