Најмалку девет жени кои присуствувале на забава организирана од германската Социјалдемократска партија (СПД), во која бил и канцеларот Олаф Шолц, биле дрогирани со супстанца позната како „дрога за силување“, објави СПД.
Портпаролот на партиската пратеничка група во парламентот го потврди пишувањето на берлинскиот весник Тагесшпигел и додаде дека досега се потврдени девет жртви.
Берлинската полиција соопшти дека истражува тешка телесна повреда откако 21-годишна жена поднела пријава.
„Ги советувам сите засегнати да поднесат тужба“, напиша на Твитер една од лидерите на СПД, Катја Маст.
Во е-пошта испратена до учесниците на таа летна прослава одржана во средата, СПД го осудува „страшниот чин што веднаш бил пријавен во полиција“.
Илјадници луѓе беа на традиционалната прослава што СПД ја организира пред летниот одмор, а меѓу нив беше и канцеларот Шолц од таа партија, како и бројни други претставници и соработници
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.