Околу 120.000 домаќинства во Париз останаа без струја поради дефект на електричен трансформатор на електродистрибутерот „Енедис“, соопшти Одделот за пренос на електрична енергија (РТЕ).

„Синоќа околу 22:15 часот снема струја во третиот, четвртиот и петтиот арондисман на Париз. Дефектот е саниран околу 23:00 часот и дистрибуцијата на електрична енергија продолжи нормално“, напиша службата за односи со јавноста на РТЕ во објавата на социјалната мрежа Твитер, пренесува „Ројтерс“.

Портпаролката на компанијата „Енедис“ изјави за „Ројтерс“ дека дефект на трансформатор предизвикал прекин во преносот на електрична енергија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.