Најмалку 114 лица загинаа, а 200 се повредени во пожар на свадбена прослава во северната ирачка провинција Ниневија, објавија рано утринава ирачките државни медиуми. Меѓу загинатите се и двајцата младоженци, соопштија властите.
Пожарот се случил во претежно христијанска област во близина на градот Мосул. Пожарот, соопшти локалната цивилна одбрана, ја зафатил големата сала во која се одржувала венчавката, откако за време на прославата бил запален огномет.
Првичните информации покажуваат дека зградата била направена од високо запаливи и евтини градежни материјали, што придонело за брзо уривање на објектот, објавија ирачките државни медиуми, а очевидци на настанот сведочат дека за време на несреќата во објектот имало околу 900 гости. Пожарот најпрво го зафатил таванот, а брзо потоа се проширил низ целата сала. Дел од загинатите или изгореле живи, а дел од задушување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.