Одлуката на Европската комисија да ѝ даде одобрение на Украина за статус на кандидат за Европската Унија бара зголемено внимание од Москва, изјави прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков, пренесува РИА Новости.

Песков, исто така, рече дека би било одлично ако европските лидери влијаат врз раководството на Украина и ги охрабруваат трезвено да гледаат на ситуацијата.

Би било одлично ако европските лидери би влијаеле врз раководството на Украина, оние кои таму носат одлуки, да ги охрабрат трезвено да гледаат на ситуацијата. И покрај тоа што, секако, се членови на една машина, членови на колективниот Запад, сепак ја разбираат потребата од продолжување на дијалогот, изјави Песков за „Известија“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.