Од почетокот на израелските напади врз Газа се убиени околу 18 илјади Палестинци, а 49.500 се повредени, изјави денеска портпаролот на Министерството за здравство на Газа, Ашраф Ал-Кидра.

Тој изјави дека во последните 24 часа има 297 загинати и повеќе од 550 ранети Палестинци.

Израелските сили претходно денеска објавија дека од почетокот на конфликтот, 425 израелски војници ги загубиле животите, а 1.593 се ранети.

Од 1.593 ранети Израелци, 255 се тешко ранети, 446 се со полесни повреди, а 892 се полесно ранети, објави Тајмс оф Израел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.