Албанија на први јуни го презема едномесечното претседавање со Советот за безбедност на Обединетите нации.
Во Њујок на преземањето на штафетата за претседавање со Советот за безбедност ќе присуствуваат премиерот Еди Рама и министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка. Амбасадорот на Албанија во ОН Ферит Хоџа ова го оценува како голема одговорност, но секако и привилегија, пренесува Топ ченел.
Според истиот извор министерката Џачка изјавила дека со преземањето на претседавањето Албанија ќе биде гласноговорник на дипломатските напори за изолација на Русија.
Албанија членка на ОН е од 14 декември 1955 година а за непостојана членка во Советот за безбедност на светската организација беше примена на 11 јуни 2021 година, што се смета за историски датум за земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.