Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников го нарече терористички рускиот ракетен напад врз воената база Меѓународен центар за мир и безбедност, која се наоѓа западно од Лавов, на 25 километри од полската граница.
Ова е нов терористички напад врз мирот и безбедноста во близина на граница на ЕУ-НАТО. Мора да се преземе акција за да се запре ова. Затворете го небото!, повика тој.
Резников претходно изјави дека во објектот работеле и странски воени инструктори, но не е јасно дали некој од нив бил во базата кога се случил нападот.
Гувернерот на областа Лавов изјави дека во нападот на воената база западно од Лавов загинале девет лица, а ранети се 57 луѓе.
Гувернерот Максим Козицки потврди дека Русија утринава истрелала 30 ракети врз комплексот кој се наоѓа на околу 50 километри југозападно од Лавов и на околу 25 километри од границата со Полска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.