Добитници на Нобеловата награда за хемија се Американката Каролин Бертучи, Данецот Мортен Мелдал и Американецот К. Бери Шарплес.

Победниците развија нови начини за поврзување на молекули вклучувајќи ги и самите живи клетки.

Триото ја доби наградата за воспоставување и унапредување на полињата на хемијата на кликнување и биоортогоналната хемија, кои „револуционизираа како хемичарите размислуваат за поврзување на молекулите заедно“, соопшти Кралската шведска академија на науките.

Нобеловите награди се доделуваат во текот на целата недела – во понеделникот и во вторникот беа објавени наградите за медицина и физика, а утре ќе се доделува наградата за литература.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.