Европскиот центар за контрола и превенција на болести објави нова мапа на Ковид-19 на Европа.

Речиси цела Европа е во иста, темноцрвена боја, со неколку исклучоци.

Имено, како што може да се види на мапата, трите земји се уште не се целосно во најлош степен – тоа се делови од Полска, Романија и Унгарија. Картата на коронавирусот покажува 14-дневна инфекција на 100.000 жители и на тој начин ги рангира регионите на одделни земји според степенот на ризик.

Црвената ги означува областите каде стапката на 14 дена е од 75 до 200 со позитивен удел од повеќе од четири проценти, како и оние каде стапката на 14 дена е од 200 до 500.

Темно црвените области се оние каде стапката на 14 дена е поголема од 500.

Во моментов, ниту еден дел од Европа не е обоен со зелена боја, што укажува на стапка на инфекција под 50 и помалку од еден процент.

Да потсетиме, оваа карта е најважната карта за коронавирусот во Европската унија, според која земјите-членки на ЕУ донесуваат мерки и ги утврдуваат правилата за влез од одредена земја токму според бојата што ја има земјата на оваа карта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.