Осум лица загинаа, а исто толку се повредени во пукање во храмот на Јеховините сведоци во Хамбург, а „Билд“ пишува дека наводно зад нападот стои Филип Ф. (35).
Напаѓачот, за кој се верува дека е поранешен член на оваа заедница, синоќа околу 21 часот упаднал во просториите на Јеховините сведоци и почнал да убива луѓе со огнено оружје.
Полицијата утринава соопшти дека напаѓачот, најверојатно, е меѓу осумте убиени, но не го откри неговиот идентитет.
Наводно насилникот отворил оган кон собирот за време на настанот. Кога пристигнала полицијата, тој наводно се самоубил.
Според информациите на „Билд“, напаѓачот е Филип Ф. Според магазинот „Шпигел“, тој е поранешен член на Јеховините сведоци. Пред злосторството тој немал досие во полицијата, па не бил етикетиран како екстремист.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.