Обидот за убиство на премиерот на Словачка Роберт Фицо е преквалификуван како терористички чин, соопшти денеска словачкиот државен обвинител Марош Жилинка.
Врз основа на доказите собрани во текот на истрагата, случајот дополнително ќе биде класифициран како особено тешко кривично дело – терористички чин, напиша Жилинка на Фејсбук.
Портпаролката на обвинителот Зузана Дробова изјави дека осомничениот за обидот за убиство на Фицо е веќе информиран за промената на статусот на случајот, пренесува ТАСР
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.