Управувањето со нуклеарната централа Запорожжја е под контрола на Украина, соопшти советникот на министерот за внатрешни работи Вадим Денисенко. Според него, управувањето со нуклеарната централа Запорожје во градот Енергодар „е во украински раце“.
Во исто време, според Денисенко, Русите го контролираат периметарот на нуклеарната централа. Тој исто така додаде дека тројца борци на Националната гарда на Украина биле убиени за време на ноќните борби во градот.
Ситуацијата во Енергодар динамично се менува. Информациите постојано се ажурираат, пренесе Денисенко.
Претходно, градот Енергодар и ЗНПП беа заземени од руските окупатори. Руската армија отвори оган во правец на енергетските единици. Пукањето во нуклеарната централа се дискутираше во Советот за безбедност на ОН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.