Британската опозициска Лабуристичка партија ќе се обиде да ја принуди владата да објави проценка за нарушување на безбедноста од страна на Суела Брејвермен, додека се редат негативните реакции за нејзиното повторно назначување за министер за внатрешни работи, само шест дена откако самата поднесе оставка од истата функција, јави денеска ДПА.
Премиерот Риши Сунак досега се спротивставуваше на повиците да отвори истрага за тоа дали Брејверман ги прекршила владините правила за користење на електронската пошта со тоа што, без дозвола, споделила чувствителен документ со конзервативен пратеник од нејзината лична електронска пошта.
Лабуристите и либералдемократите изразија загриженост за „националната безбедност“ и го повикаа кабинетот на премиерот да почне истрага.
Лабуристичката партија ќе инсистира на објавување на проценката на ризикот за овој и други наводни министерски пропусти, како и на информациите што му биле дадени на Сунак пред да ја врати во Министерството за внатрешни работи.
Брејвермен досега одбиваше да застане пред пратениците во британскиот Парламент за да објасни што се случило.
-Риши Сунак и Суела Брејвермен не можат да продолжат да бегаат од овие прашања. Тоа е премногу сериозно и сериозно ја доведува во прашање одлуката на премиерот. Луѓето треба да знаат дали на министерот за внатрешни работи може да му се доверат многу чувствителни информации и нашата национална безбедност. Одлуката на Риши Сунак повторно да ја назначи Суела Браверман е длабоко неодговорна, рече Ивет Купер, министерка за внатрешни работи во сенка.
„Лабуристичката партија ќе го искористи секој расположлив парламентарен механизам за да ја принуди владата да го разјасни нејзиното назначување, да добие одговори и да бара деталните документи да бидат испратени до комисијата за разузнавање и безбедност“, додаде Купер.
Сунак неделава ја врати Брејвермен на истата функција што ја имаше кога тогашната премиерка Лиз Трас принуди да поднесе оставка.
Лидерот на лабуристите Кери Стармер повика да се разреши министерката за внатрешни работи, обвинувајќи го премиерот Сунак дека договорил „валкан договор, со трампа на безбедноста за поддршка“ во трката за лидер на Конзервативната партија, која ја доби откако ја доби поддршката од Брејвермен.
Но, премиерот инсистира дека Брејвермен „научила од нејзината грешка“ и не се кае за нејзиното назначување, и покрај тоа што некои конзервативни пратеници се приклучија на реакцијата.
Конзервативката Каролин Нокс ги поддржа барањата на опозицијата за истрага, а поранешниот лидер на Конзервативната партија Џејк Бери го нарече нарушувањето на безбедноста „навистина сериозно“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.