Новиот британски премиер, Риши Сунак, и неговото семејство ќе мора да се преселат од луксузни вили, свилата и кадифето во скромната улица Даунинг 10 во Лондон, традиционалната резиденција на премиерот на Велика Британија.
Нагаѓањата за тоа каде ќе живее новиот премиер почнаа откако Сунак го одржа својот прв јавен говор како премиер, сам пред Даунинг стрит 10. Тоа е спротивно на обичајот новите премиери или премиерки да ги имаат првите настапи пред резиденцијата со членови на семејството.
View this post on Instagram
Во исто време, Сунак и неговата сопруга Акшата Марти, родители на две деца, се меѓу најбогатите Британци и поседуваат неколку луксузни згради шитум Англија и Лондон.
Сето ова ги поттикна шпекулациите дека семејството нема да се пресели во многу поскромната Даунинг стрит. Сепак, Владата ги негираше таквите информации.
View this post on Instagram
Даунинг стрит 10 е седиште на британската влада и официјална резиденција на премиерот, но последните неколку – Тони Блер, Гордон Браун, Дејвид Камерон, Тереза Меј и Борис Џонсон, всушност со своите семејства живееја во соседната куќа, во број 11, каде што инаку е седиште на министерот за финансии, но е и многу попростран простор за живеење.
View this post on Instagram
Владината портпаролка изјави дека, колку што знае, новиот премиер и неговото семејство немаат намера да го реновираат просторот. Такво нешто направија Борис Џонсон и неговата сопруга Кери минатата година во број 11, предизвикувајќи голем политички скандал бидејќи реновирањето чинеше 200.000 фунти, многу повеќе од 30.000 фунти буџетирани за такви цели.
Џонсон тогаш изјави дека има намера да ја надомести разликата во трошоците за реновирање со приватни донации.
View this post on Instagram
Богатството на Сунак се проценува на 730 милиони фунти.
Тој е во брак со Акшата Мурти, богата наследничка вредна 200 милиони фунти. Тие имаат две ќерки – Кришна и Анушка. Неговата сопруга е ќерка на милијардерот Н.Р. Нарајан Марти.
Кога се во Лондон, семејството го поминува поголемиот дел од своето време во нивната куќа во Лондон со пет спални соби, додека викендите ги минува во замокот во Северен Јоркшир.
Имаат луксузна куќи и во САД – во Санта Моника, Калифорнија, но и луксузен стан во строгиот центар на Лондон.
View this post on Instagram
Новиот британски премиер не сака да објавува слики од својот приватен живот на интернет, а една од ретките е онаа каде што прави скара во луксузната градина зад неговата огромна палата во внатрешноста на Англија. На тој имот изградил и посебна зграда само за базенот долг дваесет метри. Најмногу сака да се одмора на синиот тросед.
View this post on Instagram
Работните денови ги поминува во стан во престижниот Кенсингтон, кој има четири бањи и две огромни дневни соби или салони.
View this post on Instagram
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.