Руската државна корпорација „Ростек“, минатата година го зголемила производството на снајперски пушки за армијата.

Според резултатите од 2023 година, државниот одбранбен налог за производство на снајперски пушки произведени од подружницата „Калашников“ е зголемен за осум пати во однос на претходната година.

Корпорацијата продолжува со снабдување на вооружените сили со снајперски пушки „Чукавин“, снајперски пушки „Драгунов“, како и снајперски пушки „Драгунов“ 7,62 мм со преклоплив кундак, и 7,62 милиметарски снајперски пушки „СВ-98“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.