Неколку силни експлозии се слушнале во Киев, додека главниот град е под 35-часовен полициски час.
Една од експлозиите била толку силна што ги активирала алармите на автомобилите во центарот на градот, објави Си Ен Ен.

Советникот на украинското Министерство за внатрешни работи Антон Герашченко изјави дека украинската воздушна одбрана ангажирала и уништила руска ракета, а остатоците од проектилот паднале во реката Дњепар.

Киев во моментов е под полициски час што вчера го продолжи градоначалникот Виталиј Кличко. Тој тогаш објави на Телеграм дека полицискиот час ќе започне во понеделникот во 20 часот и ќе трае до среда во седум часот.

Утре нема да работат продавници, аптеки, бензински пумпи, институции. Затоа, ги молам сите да останат дома или во засолништа. Само оние со посебни дозволи ќе можат да се движат низ градот – изјави вчера Кличко.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.