Пилотот, кој добил  500.000 долари од Украина по пребегнувањето од Русија во август, беше пронајден мртов на паркингот на станбен комплекс во населбата Виљахоса во Аликанте, Шпанија во подземен паркинг.

Шпанската полиција сега истражува дали руската мафија и разузнавачките служби го извршиле атентатот откако дознале за неговата локација преку неговата наводна употреба на дрога, плаќање на проститутки и улични тепачки.

Кузминов им ја „дал“ својата локација на убијците кога  и се јавил на поранешната девојка да го посети во Аликанте.

Живеејќи под нов идентитет во Шпанија – и со пари од Украинците по неговото бегство – тој почнал да гради нов живот за себе ослободен од ужасите на војната. Но, се верува дека ја направил фаталната грешка што ја контактирал поранешната девојка и ја поканил на својата нова адреса.

Убиениот пилот-дезертер, Максим Кузминов, влегол во Шпанија под името на 33-годишниот Игор Шевченко со украински пасош издаден на 22 септември 2023 година. Тоа предизвика конфузија во шпанските медиуми околу идентитетот на ликвидираниот човек, затоа што на местото на убиството биле пронајдени неговите лажни документи, со новото име.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.