Новата британска министерка за образование Андреа Џенкинс непосредно пред да биде именувана на функција, е снимена како на демонстрантите пред канцеларијата на премиерот им покажува среден прст.

Џенкинс во четвртокот ја посети канцеларијата на премиерот, давајќи му поддршка на Борис Џонсон.

Таа беше именувана кратко време пред Џонсон да најави дека се повлекува од лидерската функција во Конзервативната партија.

Видеото предизвика бес кај критичарите на Џонсон и на Конзервативната партија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.