Посетителите и персоналот на трговскиот и забавниот центар Мозаик, во југоисточниот дел на Москва, се евакуирани поради анонимна закана од експлозивна направа, изјави за РИА Новости претставник на итната служба на главниот град.
„Анонимен повик со закана за бомба во трговскиот центар Мозаик на улица Кожуховскаја 7. зграда 9“, рекол соговорникот на руската агенција.
Според него, при безбедносната проверка сите посетители и персоналот биле евакуирани од зградата.
Лажните закани за бомби во различни руски градови станаа почести од крајот на 2019 година, насочени кон судови, трговски центри, метро станици, воздухопловна и железничка инфраструктура, училишта и медицински установи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.