Финската премиерка, Сана Марин, јавно се извини за објавените фотографии од приватна забава што ја организирала во нејзината официјална резиденција во јули, што предизвика јавна дебата.
Во понеделникот, Владата информираше дека Марин, една од најмладите лидери во светот, е негативна на тестот за дрога.
Триесет и шестгодишната Марин во петокот се согласи да направи тест по реакциите околу нејзиното однесување.
Таа порача дека никогаш не зела дрога и негира дека правела нешто нелегално на забавата. Марин кажа дека пиела алкохол.
На интернет се појави видео како таа се забавува со пријатели, вклучувајќи и финска поп ѕвезда, па доби критики од политичари, како и барање да направи тест за дрога.
Оваа недела, пак, на социјалните мрежи почна да се споделува уште една фотографија на која се прикажани две познати инфлуенсерки како се бакнуваат, покривајќи ги голите гради со натписот „Финска“ од официјалната резиденција на премиерката во Хелсинки.
Според мене, фотографијата не е примерна. Се извинувам за тоа. Не требаше да дојде до таква фотографија, но инаку ништо несекојдневно не се случило на забавата – изјави Марин потврдувајќи дека фотографијата е од нејзината резиденција.
Марин изјави дека фотографијата е направена на приватна забава со нејзините пријатели по музички фестивал во јули.
Финците се поделени околу однесувањето на премиерката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.